All for Joomla All for Webmasters


Ревизијата е дефинирана во Законот за ревизија според кој претставува независно испитување на финансиските извештаи или консолидираните извештаи и на финансиските информации, со цел да се изрази мислење во врска со нивната вистинитост и непристрасност и нивната усогласеност со прифатената рамка за финансиско известување.

Кој може да врши ревизија?

Согласно Законот за ревизија, истата може да ја вршат друштво за ревизија или овластен ревизор - трговец поединец под услови и на начин утврдени со Законот за ревизија и Законот за трговски друштва.


Секое друштво за ревизија или овластен ревизор - трговец поединец за да може да ја обавува својата дејност ревизија, мора да има добиено дозвола за работа која што ја издава Советот за унапредување на ревизијата. Сите друштва во Република Македонија кои имаат добиено ваква дозвола се објавени на веб страната на Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНР). 

 

Кој има обврска за ревизија на своите финансиски извештаи?

Согласно Член 478 од Законот за трговски друштва (ЗТД) под ревизија се подведуваат следните трговци:

·         големи и средни трговци организирани како акционерски друштва;

·         друштва чии хартии од вредност котираат на берза и

·         големи и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност.

Средни трговци се трговци кои во последните две пресметковни години, односно во првата година од работењето ги задоволил најмалку два од можните три следни критериуми, и тоа:

·         просечен број на вработените врз основа на часови на работа да е до 250 работници;

·         годишниот приход да е поголем од 2.000.000,00 Евра и помал од 10.000.000,00 Евра во денарска противвредност или

·         просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на вкупните средства (во активата) да е поголема од 2.000.000,00 Евра и помала од 11.000.000,00 Евра во денарска противвредност.

Големи трговци се сите кои не се распоредени како микро, мали или средни, односно со критериуми над оние за средни трговци.

Ревизијата на финансиските извештаи на друштвата мора да биде извршена најдоцна еден месец пред одржување на собирот на содружници, односно на собранието на акционери.

Сите трговци (друштва) кои имаат обврска за ревизија се должни согласно ЗТД, најдоцна 30 дена од денот на одобрување на финансиските извештаи, но не подоцна од 30 Јуни, истите заедно со Извештајот на независниот ревизор да ги достават до Централниот регистар на Република Македонија.  Во спротивно, постојат казнени одредби, како парични за друштвото и одговорното лице во друштвото, така и мерка на безбедност забрана за вршење на дејност во траење од три месеци до една година.

Ве молиме да нè контактирате за да дознаете повеќе за нашите ревизорски услуги и како тие можат да да бидат корисни за Вас.

Бидете во тек со сите новости:

50

Контакт информации

АУДИТ МАКЕДОНИЈА ДОО
Ул. Антон Попов бр.1/1-10, 1-кат
1000 Скопје, Република Македонија
 П.Фах 462
Телефон : ++ 389 2 2463 140
Факс : ++ 389 2 2462 063
E-mail:audit@auditmacedonia.com.mk
           

          

 

За нас

Ние во  АУДИТ МАКЕДОНИЈА, сметаме дека треба да очекувате повеќе од вашите ревизори и бизнис советници. Енергична и Компанија која постојано расте, ние продолжуваме да ги подобруваме нашите знаења и вештини во корист на нашите клиенти. Јасно размислување, длабинско разбирање и визија за успех се примарните цели на АУДИТ МАКЕДОНИЈА.